Вовед во мрежна наука

1.

Наслов на наставниот предмет

Вовед во мрежна наука

Introduction to network science

2.

Код

F18L3S087

3.

Студиска програма

Интернет, мрежи и безбедност, Компјутерско инженерство, Компјутерски науки, Примена на информациски технологии, Софтверско инженерство и информациски системи,

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

3 / Летен

7. Број на ЕКТС кредити

6.0

8.

Наставник

9.

Предуслови за запишување на предметот

Веројатност и статистика или Основи на теорија на информации

10.

Цели на предметната програма (компетенции):


Запознавање со основните концепти од мрежна наука со реални податоци. Оспособување на студентите за анализа на својствата и динамичките процеси во реалните комплексни мрежи и нивно моделирање и визуелизација. Изучување на основните методи за октривање на заедници, оценка на робустноста, оптимизација, податочно рударење и предвидување во комплексни мрежи.

11.

Содржина на предметната програма:


Вовед во мрежна наука. Својства на комплексни и реални мрежи: ефект на мал свет, транзитивност на јазли, поврзување со преференца. Модели на реални мрежи. Социјални, информациски мрежи, биолошки, техничко-технолошки мрежи. Откривање на заедници и графлети во комплексни мрежи. Робустност на комплексни мрежи преку анализа на врски и јазли. Користење на мерки за централност и алгоритми за рангирање. Парадокси во социјални мрежи: статусна хомофилија, вредносна хомофилија, социјално влијание, надворешни влијанија. Динамички процеси во комплексни мрежи: ширење на влијанија, информации и зарази, консензус и синхронизација. Теорија на игри во социјални мрежи: монетизација во социјални мрежи, формирање на социјални мрежи, наддавање и селекција на целно множество. Повеќеслојни и временско-променливи комплексни мрежи: модели, алгоритми и динамички процеси. Оптимизација на проток, транспорт, распределба на ресурси, пакување и рутирање во реални мрежи. Податочно рударење и предвидување во големи мрежи. Предвидување на линкови, развој на топологија и атрибути. Предвидување на исходи од динамички процеси и изминување на комплексни мрежи.

12.

Методи на учење:


Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13.

Вкупен расположив фонд на време

6.0 ЕКТС x 30 часа = 180 часа

14.

Распределба на расположивото време

30 + 45 + 15 + 15 + 75 = 180 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

75 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

10 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

15 бодови

17.3.

Активности и учење

10 бодови

17.4.

Завршен испит

70 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.1 и 15.2

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски и англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

механизам на интерна евалуација и анкети

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година